Пуштен во употреба локален пат кон село Калуѓерец, Македонски Брод

Bez autora
Jul 25 2013

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски го пушти во употреба новиот локален пат за село Калуѓерец, општина Македонски Брод. Делницата од околу 1,5 километар е дел од патниот правец кон селото и од инвестицијата за изградба на локална патна мрежа во Општината со пари од Европската банка за обнова и развој. Во оваа делница се инвестирани околу 120.000 евра и е прва фаза од делницата. Има уште еден километар, но потешка за изградба делница. Ние како Влада мораме да инвестираме во развој на малите населени места, на локалната патна мрежа. Тие се во функција на рамномерен регионален развој на локалниот туризам и верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни.

Пуштен во употреба локален пат кон село Калуѓерец, Македонски БродВицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски го пушти во употреба новиот локален пат за село Калуѓерец, општина Македонски Брод.

Делницата од околу 1,5 километар е дел од патниот правец кон селото и од инвестицијата за изградба на локална патна мрежа во Општината со пари од Европската банка за обнова и развој.

- Во оваа делница се инвестирани околу 120.000 евра и е прва фаза од делницата. Има уште еден километар, но потешка за изградба делница. Ние како Влада мораме да инвестираме во развој на малите населени места, на локалната патна мрежа. Тие се во функција на рамномерен регионален развој на локалниот туризам и верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни - рече Пешевски.

Владата работи и со дел од инвеститори за овој крај.

- Веќе во фабриката во Самоков се вработуваат дел луѓе. Имаме и други проекти во делот на развојот на селскиот туризам. Веќе се зголемуваат средствата од ИПАРД програмата кои може да се користат - изјави Пешевски.

Од локалната самоуправа информираат дека е голем интересот за купување локации за викенд куќи. Досега се издадени 150 локации за викенд куќи, од кои 80 во околината на селото Здуње каде се купени и две локации за хотели, а 70-ина локации за викенд-куќички се издадени во околината на селото Белица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik